|

Истекува рокот на вториот Јавен повик на Град Скопје за приватен превоз, никој не се пријавил

Денеска истекува рокот за пријавување на вториот Јавен повик на Град Скопје за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12. Од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ за МИА влеат дека ниту еден возач од кај нив не се пријавил на повикот.

Сите очи од страна на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ се вперени во премиерот Димитар Ковачевски, и чекаат средба.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ за МИА вели дека, исто како што било случај со првиот оглас за линиите 20 и 22, ниту еден од нивните возачи не е пријавен ниту во вториот оглас овие линии.

– Ниту еден од возачите на „Слобода превоз“ не се пријавил во новите повици на Град Скопје за приватни автобуски превозници. Сега чекаме средба со премиерот Димитар Ковачевски и се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време, рече Муриќ.

И сопственикот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски, за МИА вели дека според неговите сознанија ниту еден возач од нив не изразил интерес да се пријави во новиот оглас.

Извор: zoom.mk



Слични Објави