(ВИДЕО) Д-Р СТОЈАНОВ, ДИРЕКТОР НА ЦЈЗ-СКОПЈЕ: ЛАБОРАТОРИИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПОСТИГНАТ ДА ГИ НАПРАВАТ СИТЕ ТЕСТИРАЊА

„Имаме голем проблем да ги детектираме контактите на заразените, но проблем исто така е и тоа што и тие што се детектирани, повторно не седат во самоизолација. Луѓето ни ги приредуваат сите можни сценарија кои ни ја отежнуваат работата. Не можат полицајци да седат пред секоја куќа, немаме толкави човечки ресурси. Проблем и тоа што лабораториите не можат да постигнат да ги направат сите тестирања, и да отвориме нови лаборатории, нема толку персонал што ќе може да работи. Се разболуваат и лекарите, и техничарите, и медицинските сестри, тоа се ни ја комплицира работата“, нагласува д-р. Александар Стојанов, директор на ЦЈЗ-Скопје во емисијата „Утрински брифинг“.