Одбележуваме 96 години од почетокот на Скопскиот студентски процес, против активистите на ММТРО
На 5-ти декември 1927 г. после жестоки измачувања започнува монтираниот студентски процес во Скопје, против 20 револуционери на ММТРО: Димитар Ѓузелов, Борис Андреев, Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманев, Штерјо Боздов, Димитар Чкатров, Харалампи Фукаров, Кирил Кузманов, Кирил Вангелов, Кирил Караџов, Емануил Чучков, Тодор Гичев, Благој Монев, Тодор Христов, Христо Хаџикимов, Борис Светиев, Јордан Сапунџиев, Димитар Нецев и Иван Шопов. Хрватскиот адвокатот Анте Павелич се става во улога на одбрана на студентите. Процесот завршува на 10-ти декември со драконски изречени пресуди. За време на процесот по улиците на Скопје се испишани графити: „Срби, одете си во Шумадија!“ и „Македонија е бугарска!“ Како резултат на процесот, следната година Мара Бунева го убива Велимир Прелич, главниот обвнител на делото.
“Ние го молиме Обштеството на народите да ги анкетира последните србски жестокости, масовно извршени над нашата академска младеж, и да го каже својот тежок збор – крвавите палачи од Белград да престанат да го играт своето јудино оро над совеста на македонската младеж, само зашто тие се чувствуват за Бугари и сакат да се запази со тоа своето национално чувство, со кое се родиле.“
Македонски женски сојуз во Бугарија – ЖЕСТОКОСТИТЕ НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ, 1927 г.
“Самуиловиот војвода Ивац беше ослепен и фрлен во бездната, затоа што не сакаше да го помрачи величието на Самуилова Бугарија!
Браќата Миладинови беа отровени од фанариотите, затоа што го запалија пламенот на Бугарската преродба!
Левски и Груев, Ботев и Делчев, Тодор Длександров и Бенковски, Черноземски и Мара Бунева, и безброј чеда на мајка Бугарија, паднаа на полето на честта, заради слободата и обединувањето на целокупниот бугарски народ.
И ето, дојде величествениот ден, кога и младото бугарско поколени во Македонија го даде својот свештен долг пред олтарот на татковината со скапоцените жртви на шестте мили синови, паднати од непријателска србска рака во деновите на мрачното србско робство, како носители на ослободителното дело во редовите на Младежката организација.
ММТРО е најголемата политичка пројава на бугарските интелигенти младежи во Македонија низ неподносливото србско робство. Цела Македонија ечеше од организираните македонски фаланги, и со уставот во едната рака и револверот во другата, тие ја крстосуваа поробената родна грутка — тие апостоли на бугарската слобода, за да го разпалат факелот на националното созназние, да ги просветлуват душите, пробудат заспаниот роб и ги раздвижат совестите. Наполно оформени национално, непрестајно живеејќи со грижите и идеалите на народот, надарени со рицарско честољубие, горди со народното потекло, сврзани со еден револуционерен морал, до саможртва натопени со љубов кон родината, тие сонуваа и го будеа народот на бунт против непријателот и издржуваа на секое обезбугарување.
Младежката организација беше венецот на Македонското ослободително движење, затоа што таа го собра цветот и елитата на Македонија под робство, ги воспита во еден строг бугарски национализам, ги подигна против тиранинот и се пројави во својот апогеј низ Скопскиот студентски процес. Во тој единствено по својот род заговор триумфираше бугарскиот дух; животната сила на бугарскиот народ ја покажа, како стихија, својата моќност, тогаш, кога во некои средини беше разјаден здравиот дух на Бугаринот од различни видови поразувања. Во Македонија под србското робство, бугаризмот имено го покажа своето величие, својата динамика и својата длабока вера во победата на бугарскиот Бог и со тврдост опстојуваше во собарувањето на зидот на робството. Таа раководена борбена елита врвеше по патот на најголемиот отпор, затоа што основната нишка на нашата агитација среде народот беше: запазување на бугаризмот, како најмоќен гранитен зид против посегањета на асимилаторската политика на Белград. Затоа што, да се наречеш Бугарин, — тоа беше најпрогонуваната револуционерна пројава. И ако се запрашаме, до кога можеше да се држи Македонското прашање отворено пред аеропагот на светското обштествено мнение, ние ќе одговориме: дотогаш, додека македонските Бугари се чувствуваа национално Бугари. Затоа, задачата на ММТРО делумно и на целото Македонско ослободително движење вообшто се налагаше, после Европската војна, пак од намерите на противникот спрема нас: србите мислеа, дека Македонија ќе ја присвојат и национално, само ако населението се посрби. Затоа и ние го поставивме: процесот на Македонија ќе биде секогаш жив, само ако си останеме Бугари. Ете зошто, да бидеш Бугарин низ србското робство значеше, да имаш една определена програма како да го запазиш будно тоа национално сознание, како да создадеш една бугарска идеологија на активен, дејствителен патриотизам. Србите се плашеа од дејствувачкиот бугаризам, кој што се сведуваше во воздржување од вето србско, во агитација против Србите, во величење на сето Бугарско, во организирање на народот и во организирање на атентати. Затоа, Србите не’ гонеа како дејци, организирани Бугари, a не како автономисти, под кое тие секогаш разбираа присодинување кон Бугарија. Секој знае, дека Србите ја уништија целата бугарска култура во Македонија, затварајќи ги бугарските училишта, цркви и уништувјќи ги сите наши национални вредности и паметници. Создадениот историски фактор од околу 600 члена на ММТРО, се’ интелигентни мажи — будни младежи, натоварени со апостолската мисија, да го крепат националното сознание, да ги обучават младите во бугарски книжевен јазик, да го снабдуват со бугарска револуционерна литература. Најверните изразители на тие возвишени идеали беа загинатите наши другари. Тие ќе сјаат со величествена убавина и со своето пламено родољубие во светилиштето на бугарските национални херои. Тие ја запалија искрата за подвиг во срцата на многу Бугари, која искра пламна во буен оган, во кој по патот на борбата изгореа и самите тие. Во историското богатство на бугарскиот борбен гениј лежат нашите скапоцени другари, како пламени жреци на идејата за слободата на Македонија и обединувањето на целокупниот бугарски народ. Тие страдаа со страданијата на Македонија, живееја со маките на народот и затоа нивниот дух блеска во победниот ход на бугарскиот народ. Во сознанието на Бугаринот ќе живеат вечно нивните светли образи, ќе бидат неизцрпни извори на национална светлина.“
