| |

Ќучук за односите Скопје-Софија: Да градиме мостови, наместо ѕидови

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук изјави дека е исклучително важно што Бугарија прва реагирала по разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

Според него, ова е голема причина за гордост.

Ќучук за NOVINI.BG изјави дека е направено многу, но потребата од уште помош допрва следи и додаде дека треба да се создаде фонд како оној за Хаити.

Според него, доколку има политичка волја, повредените од Турција и Сирија, кои имаат роднини во земјите на ЕУ, можат брзо да добијат визи за да не поминуваат време во нечовечки услови. Тој изрази мислење дека постои надеж дека тоа навистина ќе се случи.

Ќучук ги коментираше и односите со Република Северна Македонија (РСМ). „Наместо да градиме ѕидови, треба да градиме мостови” така европратеникот го цитираше познатиот бугарски мајстор Кољо Фичето и објасни дека Бугарија Софија може да гради духовни мостови со Скопје.

Според него, меѓучовечките односи се добри, но проблемите доаѓаат од политичарите и од спроведуваните политики.

Слични Објави