Бугарија и Израел ќе соработуваат во областа на туризмот
Бугарската влада го одобри договорот меѓу Бугарија и Израел за соработка во областа на туризмот. Договорот беше потпишан на 23 јануари во Софија за време на посетата на израелскиот министер за туризам Хаим Кац, соопшти владиниот прес-центар.
Договорот предвидува Бугарија и Израел да промовираат размена на експертизи за управување и организација на посебни форми на туризам, како што се сезонскиот туризам, спа и велнес, авантуристичкиот, културно-историскиот и верскиот туризам.
Двете земји ќе ја продлабочат соработката во рамките на Светската туристичка организација (UNWTO), како и во други меѓународни организации. Ќе се поттикнува размена на искуства во областа на образованието со практична обука и соработката во приватниот сектор.