Изложбата „Стари балкански фотографии“ заеднички проект на бугарскиот и македонскиот архив беше отворена во Скопје

//

Државниот архив на РС Македонија и Државната агенција ,,Архиви” на Република Бугарија претставија заедничка изложба насловена „Стари балкански фотографии” на која се прикажани фотографии од архитектурата, народните носии, обичаите и занаетите од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век на балканските простори.

Изложбата подготвена од експерти од двата Архива, вчера беше отворена во Музејот на РС Македонија од директорот на Државниот архив, Емил Крстески, неговиот бугарски колега, Михаил Груев и Јасмина Дамјановска, а обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.

Соработката со бугарската државна агенција „Архив“ е од 1992 година и за овој период се разменети повеќе од 200 илјади документи, реализирани се повеќе заеднички проекти, еден од најзначајните е заедничката публикација „Крсте Петков Мисирков – Дневник, 5 јули. – 30 август 1913 година во 2008 година, изјави Емил Крстевски, директор на Државниот архив во Северна Македонија.

Овој следен чекор во нашата долгорочна соработка покажува колку се блиски општествата на Балканот. Општества кои во овој историски период полека ги соблекоа потурите и се облекуваа во алафранга тргнувајќи по патот на европеизацијата. Набљудувајќи го секојдневието доловено на овие фотографии, ќе видиме колку заеднички карактеристики имаме. Интересот за фотографијата од овој период е заеднички европски интерес. Ви претставуваме вкупно 216 фотографии, кои всушност се книга која раскажува за минатото и гради мост до сегашноста. Ова е мисијата на архивските институции ширум светот, изјави претседателот на Државната агенција за архив Михаил Груев.



Заедничката работа на двата архива е важна за нашата соработка. Денес живееме во време на дигитализација, но во тие години фотографијата го надмина постоечкиот хартиен документ и даде нов поттик на историјата како наука. Изложбата претставена овде е за секојдневието на луѓето тогаш, но сепак може да се надгради, има фотографии на кои многу луѓе можат да ги видат своите дедовци и да видат дека имаме многу заеднички работи, изјави бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Ангел Ангелов и посака успех на изложбата која ќе биде отворена во Скопје до 22 јуни, а од 24 јуни веќе ќе може да се види и во Софија.

Архивите во двете земји имаат намера да ја презентираат изложбата и во Брисел.



Претходна статија

Синдикатот на УКИМ на 30 јуни со мирен протест пред Влада

Следна статија

Захариева: Во интерес на Северна Македонија е да не се крене ветото, треба да ја знаат вистинската историја, а не лажната

Најново од Вести