Захариева: Во интерес на Северна Македонија е да не се крене ветото, треба да ја знаат вистинската историја, а не лажната

//

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева го обвини премиерот Кирил Петков дека влегол во играта на РС Македонија, ветувајќи дека ќе направи компромиси кои нема да ги нарушуваат интересите на Бугарија.

-И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира PCM. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и бугарството, вели Захариева.

Како што вели таа, Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји-членки на ЕУ.

Во интервју за БГНЕС, Екатерина Захариева, која е пратеничка на ГЕРБ и поранешен вицепремиер и министер за надворешни работи , изјави дека не ѝ е јасно зошто е ова брзање од страна на премиерот Кирил Петков за укинувањето на ветото на РС Македонија за почеток на преговорите за ЕУ.



-Мојот единствен сомнеж е дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото до крајот на француското претседателство. Нешто што тој негира, но сите негови постапки зборуваат во спротивна насока, вклучително и оваа одлука која вчера беше усвоена од Советот на министри, рече Захариева.

-Сепак, Советот за општи работи е следниот вторник, а Европскиот совет е во четврток и петок (23-24 јуни). Не гледам кога и како ќе помине низ парламентот, како што повеќепати ветија, рече Захариева.

Претходна статија

Изложбата „Стари балкански фотографии“ заеднички проект на бугарскиот и македонскиот архив беше отворена во Скопје

Следна статија

Претседателот на парламентот на Бугарија сменет од функцијата

Најново од Вести