| |

ММФ ја назначи Кристалина Георгиева за втор петгодишен мандат

Извршниот одбор на ММФ потврди дека повторно ја именува Кристалина Георгиева за втор петгодишен мандат на чело на меѓународната финансиска институција, јавува БГНЕС.

Георгиева, која беше единствениот кандидат за шеф на Меѓународниот монетарен фонд, таа ќе продолжи со своите должности, по завршувањето на нејзиниот мандат на 30 септември 2024 година.

Одлуката е донесена со консензус, се вели во соопштението на ММФ. Георгиева доби поддршка од клучните европски сојузници во последните недели.

Нејзини приоритетни области за долгорочни инвестиции се: климата, вештачката интелигенција и стимулирање на протокот на капитал во Африка.

За време на мандатот на Георгиева, ММФ постојано им помагаше на земјите кои се соочуваат со финансиски потешкотии за време на пандемијата „Ковид-19“, како и уништувањето предизвикано од руската инвазија на Украина, особено во Европа.

Според контроверзниот, но повеќедецениски договор меѓу Европа и Соединетите Американски Држави, ММФ се раководи од Европеец, а Светската банка од Американец.

Слични Објави