|

Русите ја гранатираат Одеса, тврди украинската армија

Украинската армија тврди дека руските сили денеска ја ракетираат Одеса.

Во соопштението на украинската армија се наведува дека четири високопрецизни ракети „Оникс“ биле лансирани од полуостровот Крим, кој е под руска контрола, кон областа Одеса во јужна Украина.

„Ројтерс“ јави дека детали за оваа акција не се соопштени.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од сирени за воздушен напад во Киев во моментите додека рускиот претседатл Владимир Путин одржуваше говор на парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва.

Извор: Temite



Слични Објави