Откриено мермерно торзо од римскиот период во Хераклеја Синтика
При археолошките ископувања во античкиот град Хераклеја Синтика кај Петрич е откриено мермерно торзо, кој според првичните проценки потекнува од римскиот царски период, изјави проф. д-р Људмил Вагалински, раководител на истражувањата, јавуваат бугарските медиуми.
Археолозите претпоставуваат дека фрагментот е дел од мермерна статуа што можеби го претставува божеството Аполон или Дионис. Ископувањата продолжуваат со цел да се пронајдат дополнителни делови од скулптурата и да се утврди нејзиниот контекст.
„Сосема сме блиску до источниот крај на форумот и е нормално да се појавуваат вакви наоди. Се надеваме дека ќе откриеме и подобро сочувани делови кои ќе дадат поцелосна претстава за статуата“, изјави Вагалински.
Според него, ова е трет сличен мермерен фрагмент пронајден во областа во последните години, а два претходно откриени артефакти веќе се изложени во Историскиот музеј во Петрич.
Ден претходно беше откриен и дел од мермерна статуа на божица, за која се претпоставува дека ја претставува Артемида.

