НИ ВО СЕПТЕМВРИ НЕМА ОДЕЊЕ ВО ГРЦИЈА: ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Копнените граници на Грција за македонските граѓани остануваат затворени уште две недели.

Грчката Влада за уште две недели ја продолжува забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија.

Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што се продолжуваат за две недели, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.

loading...