ФЕТАИ И БУБЕВСКИ ОСТАНУВААТ ВО „МОНСТРУМ“ ДО ОДЛУКАТА НА ЈОВЕСКИ
Обвинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски остануваат да го застапуваат предметот „Монструм“ додека државниот јавен обвинител Љубомир Јовески не донесе одлука за вчерашното барање испратено од шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Судијата Огнен Ставрев кој ја води повторената постапка за петкратното убиство на денешното рочиште појасни дека за него, до донесување на одлуката од Јовески, обвинители во предметот се Бубевски и Фетаи, јавува МКД.мк.
„Обвинителите кои седат пред мене за мене сѐ уште се обвинители во овој предмет сѐ до одлуката на државниот јавен обвинител, рече судијата Ставрев.
Целиот напис прочитајте го овде.

