Заврши четвртото издание на актерскиот курс „Ли Стразберг“ во Бугарија
На 25 јули во НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ официјално заврши четвртата актерска работилница во Бугарија на светски познатиот Институт за театар и филм „Ли Стразберг“, јавува Актуално.
Во шестдневната интензивна програма, единствена од ваков вид на Балканот, учествуваа 16 актери под менторство на Алани Илонгве и Дејвид Ли Стразберг, син на легендарниот Ли Стразберг и директор на Институтот во Лос Анџелес. На завршната вечер публиката следеше мастер-клас во живо и директна работа меѓу актер и предавач, со акцент на филозофијата на „Методата“ дека ликот никогаш не е целосно завршен, а работата на актерот не треба да запре.
Дејвид Ли Стразберг ја прогласи актерката Даниела Замфирова за добитничка на стипендија за едногодишно школување во Институтот. Меѓу познатите ученици на „Методата“ се Ал Пачино, Мерилин Монро, Џејмс Дин, Роберт де Ниро, Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон и Лејди Гага.
Организатор на работилницата е актерката Кристина Верославова. Проектот е финансиски поддржан од софиската програма „Култура“, а официјален партнер е НАТФИЗ „Крсто Сарафов“.

