КИКИ КАКО ФРИКИ: НЕ ПОЗНАВА НИКОЈ ОД „РЕКЕТ“, А НЕ САКА НИ ДА ЗАПОЗНАЕ
Пратеникот поранешен секретар на СДСМ Александар Кирацовски по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ рече дека со обвинителите споделил информации за одредени настани со кои располага, посочувајќи дека Катица, Камчев и Кичеец ниту ги знае, ниту сака да ги запознае. -Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам, ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам, рече Кирацовски.
Посочи дека како лице од кое се бараат посебни информации бил во Јавното обвинителство, каде ги споделил сите информации за одредени настани со кои располага.
Потсетуваме дека вчера и Фросина Ременски даваше исказ за случајот „Рекет“, кажувајќи пред новинарите дека нејзината улога во Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски била церемонијална и додавајќи дека него го познавала од телевизија

