| |

Ива Михаилова се врати во Бугарија и се наоѓа во „Пирогов“

Ива Михаилова, 23-годишната девојка со бугарско државјанство која повеќе од една година не можеше да ја напушти Северна Македонија поради судска забрана, законски ја преминала границата со помош на адвокат и пристигнала во Бугарија за лекување, јавува БНТ.

Во моментов Михаилова се наоѓа во болницата „Пирогов“. Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјави дека ќе биде проценето дали има потреба таа да добие обезбедување.

Повеќе од една година по несреќата, Михаилова доби дозвола да ја напушти Северна Македонија и да го продолжи своето лекување во Бугарија.

Нејзината здравствена состојба сериозно се влошувала во последните месеци, а таа има итна потреба од специјализирани медицински интервенции кои, локалните болници не можат да ѝ ги обезбедат.



Слични Објави