| |

Бугарското МНР не било однапред информирано за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија

Бугарското Министерство за надворешни работи не било однапред информирано за активностите на Ива Михајлова, нејзиното семејство и адвокатот што довеле до нејзиното пристигнување во Бугарија и не учествувало во нивната организација, соопшти Министерството, пренесува БГНЕС. Од таму јавуваат дека адвокатот воспоставил контакт со МНР непосредно пред неговата изјава.

„Ја разбираме загриженоста на семејството за здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие потребната медицинска помош. Тимот на УМБАЛСМ ‘Н. И. Пирогов’ ќе ја процени нејзината состојба и потребното лекување“, соопштија од бугарското МНР.

Од Министерството наведуваат дека Бугарија доследно ги поддржувала напорите Ива да го добие потребното лекување и дека МНР ќе продолжи да дава помош за случајот во рамките на своите надлежности.

Претходно денеска беше објавено дека 23-годишната бугарска државјанка ја напуштила Северна Македонија по повеќемесечни судски спорови поради потребата од специјализирано лекување на повредите добиени во тешка сообраќајна несреќа.

Михаилова веќе е во Бугарија, каде што треба да се лекува во универзитетската болница „Пирогов“. Таа соопштила дека преминувањето преку граничните премини поминало без проблеми, и покрај повеќемесечниот судски спор околу можноста да ја напушти Северна Македонија.

Слични Објави