| |

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ОСУДЕН НА 2 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски е осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк“. Другиот обвинет поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоќо Поповски е осуден на 6 години и 6 месеци затворска казна. Груевски и Поповски треба да ги надоместат судските трошоци. Пресудата ја изрече судијката Добрила Кацарска.

Доказите за резервацијата на мерцедесот, според Кацарска, е направена на 30.03.2012 година  уште пред да биде донесена одлука за Јавна набавка, а целта на набавката на мерцедесот била да му се исполни желбата на Груевски. Судијката во образложение на доказите ги спомена и „бомбите“ кои се доказ во оваа постапка.

Груевски во текот на постапката се повика и на застареност на кривичното дело во „Тенк“, но Кацарска образложи дека овде постои прекин на застареност оти Груевски по ова, сторил нови тешки кривични дела за кои се во тек судски постапки.

Инаку, против Груевски се поднесени пет кривични обвиненија.



Слични Објави