| |

Станков: Бугарите се државотворен народ и докажаа дека се успешен дел од современото американско општество

Бугарите се државотворен народ и докажаа дека се успешен дел од современото американско општество. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков, како најава за проектот на ГК на Бугарија во истиот град, поврзан со историјата на бугарската емиграција во САД.

„За жал, годините на авторитарниот комунистички режим во Бугарија ги одвоија Бугарите во Бугарија од нивните сонародници во Америка за половина век. Бугарската емиграција во демократските земји била „непријателска“. Врските се прекинати, бледнеат сеќавањата на овој дел од бугарскиот народ. Денеска наша должност е да го вратиме знаењето за овие Бугари во Америка. Иако на илјадници километри од Татковината, тие успешно го бранеа и декларираа својот бугарски идентитет и беа почитуван дел од нивните заедници“, пишува генералниот конзул Светослав Станков.

Слични Објави