ХИСЕН ЏЕМАИЛИ ПОЗНАТ ОД ХАШКИОТ СЛУЧАЈ „МАВРОВСКИ РАБОТНИЦИ“ ЌЕ СТАНЕ НОВ МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР

//

Хисен Џемаили е новиот предлог кој премиерот Зоран Заев го доби од владиниот партнер Али Ахмети за министер без ресор за странски инвестиции. Џемаили потврди дека ја прифатил понудата на лидерот Ахмети. Сега се чека на виза од премиерот Заев за и тој ресор да се пополни, пренесе Плусинфо.

– Го прифатив предлогот на лидерот Али Ахмети за министерската функција. Битно е Владата да е силна и што повеќе да придонесеме за општеството – изјави Џемаили.

Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија.



Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.



Претходна статија

ТРИЧКОВСКИ: НЕМА СМЕНА НА ВЛАСТА, ОЈТЕ СИ ДОМА, ЏАБЕ ЧЕКАТЕ, ВЕ НАМАГАРЧИЈА!

Следна статија

КАМЧЕВ СВЕДОЧЕЛ ПРЕД РУСКОВСКА ЗА „РЕКЕТ“

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да