Зошто Мицкоски ја мрази европска Македонија
Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, па дури и режимот на „пријателот Виктор Орбан“ кажаа НЕ на агресивната/лажната пропаганда на режимот на Христијан Мицкоски дека Република Северна Македонија може да започне преговори за членство во ЕУ без да ги исполни своите обврски од рамката за преговори.
На оваа листа можеме да додадеме уште многу високи европски дипломати, меѓу кои и новиот амбасадор на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас. Сите тие, без заобиколување и недвосмислено, речиси секој ден откако Мицкоски дојде на власт пред три месеци, повторуваат: Нема да има нова преговарачка рамка! Нема да има промена!
Предупредувањата и одвојувањето на РСМ од Албанија на патот кон ЕУ не се доволни за да се смени самоубиствената политика на „гордиот северномакедонски премиер“. На човекот кој нема да чисти туѓи чевли, да го витка грбот, да падне на колена…
Со ваква јасна слика, само едно прашање го чека својот одговорот: Зошто Мицкоски покажува таква упорност и со што го исполнува испразнетиот европски простор?
Одговорот е повеќе од алармантен. Дури и застрашувачки.
Мицкоски ја затвори не само европската врата, туку и сите можни прозорци за РСМ. Отворено и брутално е врзан политички и економски за новиот големосрпски проект „Српски свет“. За свој заменик го назначи етничкиот Србин Иван Стоилковиќ, кој во 1991 година работеше против референдумот за македонската независност. Отворено делува против членството на РСМ во НАТО. Покажува блиски врски со режимот на Путин. Учествуваше на јавни форуми кои повикуваа на „обединување на сите Срби“ – да, исто како што Милошевиќ сакаше да ги види „сите Срби во една држава“.
Неговиот друг вицепремиер Александар Николоски, кој поради недостиг на елементарно воспитание не би нашол место ниту во ниско ниво на селска групација, презема самоубиствени чекори да го запре стратешкиот Коридор 8.
„Гордиот“ премиер, кој веќе достоинствено го изговара „неприфатливото ново име – Северна Македонија“, сака реципроцитет во односите со Бугарија, бидејќи водел со 14 спрема 0. Одговорот на ова прашање е една голема НУЛА за Мицкоски. „Барањата кон Софија“ исполнети со омраза се толку бесмислени колку што може да бидат неговите барања за „реципроцитет во односите со Париз, Берлин или Рим“.
На ова мора да се додаде и назначувањето од страна на Мицкоски за нов директор на специјалните служби, кој, според тамошните медиуми, е „семејно поврзан со руско влијание“.
За само три месеци, благодарение на неговата „енергетска партнерка“ Сања Божиновска, светот дозна и за неговите врски со „српскиот криминален свет, создаден од поранешниот српски диктатор и воен злосторник Слободан Милошевиќ“.
Локалните експерти и политичките набљудувачи се збунети од прогнозите дека „Мицокски е заинтересиран само за купување на локалните избори следната година“. Тој никогаш во животот не купил ништо! Отсекогаш продавал, вклучително и себеси. А на оваа позиција, тој ја продава независноста на РСМ во корист на своите претпоставени и идоли од „Српски свет“.
