КОСТАДИНОВ ГО ПРАША МИЦКОСКИ КАКВИ СОВЕТИ ДОБИЛ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

//

„На Христијан Мицкоски му поставивме неколку прашања и веќе десетина дена не одговара на поставените прашања од наша страна. Денеска, дополнително, ќе му поставиме и нови прашања на кои се надеваме дека навремено ќе одговори“ праша денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој прашува и „Дали Христијан Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски? Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис? Отиде ли Мицкоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните“.

„Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО? Јасно е дека единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта, неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипци се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски не е ништо друго освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски“ – рече Костадинов.





Претходна статија

Б. ИЗЕТБЕГОВИЌ: СРБИЈА МОРА ДА ГО ПРИЗНАЕ ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, АКО САКА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ

Следна статија

ВМРО- ДПМНЕ НАЈАВИ „БОМБА“ ЌЕ ЈА ЕМИТУВА ВО 13:30 Ч.

Најново од Вести