Иванов: Темата за РС Македонија е измислена театарска претстава
Темата за РС Македонија е измислена театарска претстава, ова го изјави лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов денеска пред новинарите во бугарскиот парламент, јавува БГНЕС.
„Има јасен текст во Уставот, кој одредува дека надворешната политика се води од Владата, а Владата се раководи од премиерот. Ако имало двојна политика, тоа значи дека министерката Генчовска треба веднаш да си даде оставка, бидејќи водела различна политика од онаа што ја водел премиерот“, вели Иванов.