За оние кои случајно се родени во Бугарија не е проблем да ја продадат Македонија- комунистите веќе го направија тоа

//

Facebook статус на Кирил Илиев, уредник за меѓународна политика во www.dividend.bg

За оние кои случајно се родени во Бугарија, не е проблем да ја изневерат и продадат Македонија (комунистите веќе го направија тоа).
Не е проблем да клекнат пред југословенскиот македонизам (комунистите веќе го направија тоа).
Не е проблем да се согласат дека Гоце Делчев не е Бугарин (комунистите веќе го направија тоа).
Не е проблем да замижат пред тортурата на Бугарите во Македонија (комунистите веќе го направија тоа).
За нив не е проблем да се крие архивата на УДБА, никогаш да не се разбере што правел репресивниот апарат на службите против Бугарите во времето на Југославија (комунистите веќе го направиле тоа).
Не е проблем што не се почитуваат човековите права на Бугарите во Северна Македонија (за комунистите не постои такво нешто како човекови права).
Не е проблем што со молотови коктели се палат бугарските културни центри (за комунистите тероризмот е вообичаена практика и метод на дејствување).
Не е проблем што е извалкана бугарската историска меморија во Македонија (комунистите се интернационалисти и се лишени од долг кон Татковината).
Не е богохулство што се рушат плочи на паднати Бугари (комунистите не веруваат во Господ).
На комунистите не им е проблем што во Македонија се води војна со Бугарите (комунистите се безродници и за нив националната идеја е капиталистичка застареност).
Но, чекајте малку, дали со нас владее Бугарската комунистичка партија па така застрашувачки замириса на мумијата на Георги Димитров и треба да испишеме нова неславна страница во нашата историја со темноцрвен комунистички ракопис?



Претходна статија

(Видео) Трифонов: Правата на Бугарите во РС Македонија не можат да трпат одлагање

Следна статија

Иванов: Темата за РС Македонија е измислена театарска претстава

Најново од Ваш став

За мајките и маштеите

Пишува: Васко Цветковски Сега, откако МПЦ ги доби на поклон на користење српските светињи (како што