(Видео) Трифонов: Правата на Бугарите во РС Македонија не можат да трпат одлагање

//

Правата на Бугарите во Северна Македонија не можат да трпат одлагагање. Сега имаме историска можност да се бориме за нашите браќа. Ова е нашиот безусловен бугарски долг.
Вака на својот Фејсбук профил напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов.

„Падот на бугарското вето, пред влегувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, е одложување на решавањето на проблемот со човековите права на Бугарите таму.

Сега ќе цитирам дел од зборовите на Петар Колев – Бугарин од Северна Македонија, кој вчера гостуваше во „Седум-осум ТВ“:

„Правата што ги имаат Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, оние кои се идентификуваат како Македонци, истите права треба да важат и за нас Бугарите кои живееме таму.

„Повеќе од 100 години се прави се што е можно да не остане жив Бугарин во Македонија.

„Секретарот на КЦ Иван Михајлов „Георги Црномаров – неговиот син, и синот на потпалувачот на Центарот – ​​Ламбе Алабаковски, се соученици и седат еден позади друг во школо. Ова е трагедијата на Македонија – овие деца од прво одделение ќе бидат индоктринирани со омраза, агресија, мразење на другиот. Затоа што едниот татко мисли дека е Бугарин, а другиот дека не е Бугарин. Тоа е проблемот на Македонија“.



„Во последниот период неколку пати беа палени бугарски симболи, а беа нападнати и пробугарски активисти во Северна Македонија. Овој случај во Битола не е случаен. Ова е јасен тренд“.

„Бугарскиот народ никогаш нема да не предаде нас – Бугарите во Македонија. И кој ќе се обиде да го направи ова, ќе се соочи со бугарскиот народ“.

Погледнете го целото интервју поради неговата важност“, напиша Трифонов.



Претходна статија

Хроника на едно национално предавство

Следна статија

За оние кои случајно се родени во Бугарија не е проблем да ја продадат Македонија- комунистите веќе го направија тоа

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да