|

43 години од нападот на Радио Слободна Европа во Минхен, нарачан од романскиот комунистички диктатор Николае Чаушеску

Денеска се навршуваат 43 години од атентатот врз на зградата на Радио „Слободна Европа“ во Минхен, јавува Фактор.бг.

Бомбата експлодирала на 21 февруари 1981 година во 21:47 часот по локално време. Експлозијата била толку силна што се слушнала низ целиот Минхен. Ширината на дупката издлабена од експлозијата била 18 метри.

Наредбата за нападот дошла од романскиот диктатор Николае Чаушеску, кој беше погубен години подоцна. Нападот го планирал Јоханес Вајнрих – член на екстремистичката левичарска група „Револуционерни ќелии“ и десна рака на светски познатиот терорист Карлос Шакалот. Двајца членови на баскиската ЕТА ја поставиле бомбата, а Швајцарецот Бруно Бреге го притиснал детонаторот. Експлозивот дошол од Романија. По експлозијата на бомбата, Карлос добил честитки од највисокото ниво на романската безбедносна служба Секуритате.

И покрај нападот, радиото продолжило со својата програма. Следниот ден, влијателниот германски весник Зидојче цајтунг го опишува радиото Слободна Европа, како радио, кое навикнало да биде под оган.



Слични Објави