| |

ВАРВИЦИОТИС: ТЕРМИНОТ МАКЕДОНСКИ ТРЕБА ДА ГО НЕМА ОД КИЧ СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

„Договорот од Преспа во оваа фаза предвидува дека од кај соседната земја ќе се елиминираат сите елементи што се поврзани со иредентизам, не само од правните текстови, туку и од сите учебници, второ ќе се елиминара терминот „македонски” од сите споменици, од сите кич споменици што постојат кај соседот. И секако сонцето од Вергина ќе биде тргнато од сите државни објекти, државни организации, државни симболи, организации на локалната самоуправа. Да бидеме искрени, ова, уште не е завршено. Тоа е обврска што ја презедоа соседите врз основа на Договорот од Преспа и не ја завршија, иако помина и соодветниот рок“, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкото радио „Реал ФМ“, јавува дописничката на МИА во Грција.

Слични Објави