| |

СЕЛОТО ЛЕШАНИ ОПШТИНА ДЕБАРЦА ВЕЌЕ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕМА ВОДА

Загрижени граѓани на општина Дебарца апелираа до нас да ја пренесеме нивната порака, а имено дека во XXI век селото Лешани веќе еден месец е целосно изолирано и нема достап до вода.

Во своето писмо до нашиот портал граѓаните апелираат до градоначалникот Зоран Ногачески и директорот на Јавното претпријатие за водовод што побрзо да најдат решение на проблемот.

„Ова не е проблем кој треба да се решава сам од себе и е крајно аларматно и несериозно после еден месец да се даваат некакви изговори. Веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот и изнаоѓање на соодветни мерки за конечно жителите на село Лешани да дојдат до вода. Доста е со изговори, дека селаните, кои си ги поливаат бавчите биле криви“, стои во пораката испратена до нашиот портал од група граѓани на село Лешани, општина Дебарца.

Слични Објави