АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ И НЕГОВИОТ ТАТКО СЕДНАА НА ОБВИНИТЕЛНАТА КЛУПА ЗАРАДИ ЗГРАДАТА ВО ИЖИШТЕ И НАРАЧАНА ЛУСТРАЦИЈА

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, татко му Милош Милошоски и уште десетина обвинети денеска седнаа на обвинителни клупи пред судијката Ленка Давиткова, но обвинетиот поранешен главен лустратор Томе Аџиев не дојде, зашто е позитивен на коронавирус. Во изолација е и обвинетиот Милосим Војнески, како и адвокати, јавува СДК.

loading...

За злоупотреба на службената положба и овластувањата за начинот на кој, според обвинителката Фатиме Фетаи, е купена општинската зграда во Пласница, но и нарачана и извршена лустрација на сега веќе починатиот судија Драги Билески, покрај
четворицата споменати, обвинети се и актуелниот член на ДИК Јанаќе Витаноски, потоа Новица Вељаноски, сопругот на обвинителка Вецко Здравески, Ѓорѓи Малкоски, Шпенди Винца, Благоја Гешовски, Даут Даути и Агим Мехмети. Обвинетата Марија Милошоска, член на лустрациската комисија на Аџиев, во меѓувреме починала.

Во август беше поднесен обвинителен предлог против сите овие лица. Сите се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.



loading...

Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2. Целиот напис прочитајте го на СДК.мк.