|

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Најмалку седум лица загинаа во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Набатија, изјавија безбедносни извори за британските медиуми.

Британските медиуми претпоставуваат дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебарија.

Тројца милитанти на Хезболах вчера беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града во североисточниот дел на Либан, објави групата на платформата Телеграм.

Израел го потврди нападот.

Слични Објави