Армијата одбележува 30-годишен јубилеј

/

Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ в среда, на 17 август, Армијата на Република Северна Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј.

Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот.

На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена и показна вежба со армиските кучиња.



По презентацијата на воената опрема и воените вештини, ќе биде организиран и богат музички дел на кој ќе настапат Воениот оркестар, како и поголем број изведувачи како: Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.

-Ги повикуваме граѓаните да присуствуваат на овој уникатен настан и сите заедно да го прославиме Денот на Армијата и 30-годишниот јубилеј, наведува Министерството за одбрана во соопштението по повод јубилејот. 

Претходна статија

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Следна статија

ЦУК: Нема активни пожари, четири изгаснати во изминатото деноноќие

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи