ЦУК: Нема активни пожари, четири изгаснати во изминатото деноноќие

/

Во земјава нема активни пожари, во изминатото деноноќие се изгаснати четири, од кои два во Кумановско и по еден во Кривогаштани и во скопски Илинден, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во кумановскиот регион изгаснат е пожарот во село Ваксинце, каде горела сува трева. Пожарот го изгаснале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Во кумановско Романовце на запалено стрниште синоќа интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Во село Кривогаштани, општина Кровогаштани била опожарена хала за откуп на земјоделски производи. Од ТППЕ Прилеп на терен било испратено едно противпожарно возило со тројца пожарникари, а од ТППЕ Кривогаштани било испратено едно противпожарно возило со четворица пожарникари.



Во Скопје, во Илинден било запалено ѓубре на површина од 100 квадратни метри. Пожарот синоќа го изгаснале тројца пожарникари со едно противпожарно возило. 



Претходна статија

Армијата одбележува 30-годишен јубилеј

Следна статија

Најмногу дожд во Виница, најмалку во Гевгелија

Најново од Вести