| |

(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ АКО ГО ПОТПИШЕ АНЕКСОТ СО 12 ТОЧКИ ШТО ГО ДОСТАВИВМЕ

„Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во емисијата Офанзива со Љубо Огњанов на Нова тв.

„Во Анексот кон Договорот има 12 точки кои се многу јасни. Прво откажување од претензии кон историјата , откажување од претензии кон малцинства, видлива промена во образовниот систем. Дали тие ќе ја изучуваат историјата како посебен предмет или ќе ја внесат во учебникот од литература или учебникот од географија тоа не го решава проблемот. Ако продолжуваш да ги воспитуваш децата дека Бугарите се Татари кои немаат ништо заедничко со Македонците, дека цар Самоил е македонски цар , дека браќа Миладиновци и покрај тоа што ја напишале книгата „Бугарски народни песни“ биле Македонци и не знаеле што се, и така до 1941-42 година.“, вели Карачанов.

Погледнете го целото видео од гостувањето на бугарскиот министер за одбрана и потпретседател на Влада во емисијата „Офанзива“.



Слични Објави