| |

СПАСЕНИ ОД СИГУРНА СМРТ 50 ИМИГРАНТИ ОД СИРИЈА ОСТАВЕНИ НА ОТВОРЕНО И НЕМИРНО МОРЕ КАЈ ВАЛОНА

Припадниците на албанската крајбрежна служба, поморската патрола на Гуеарда ди финанца и полицијата од Валона, од сигурна смрт, во текот на ноќта, спасиле 50 имигранти од Сирија, меѓу нив жени и деца кои останале на отворено и немирно море при обид да поминат илегално со гумен чамец кон Италија .

Чамецот,поради дефект, останал блокиран неколку часа во морската шир во близина на местото каде во морето се влева реката Вјоса, а надлежните интервенирале откако по телефонски повик од самите имигранти биле известени дека се во опасност да се удават поради големи бранови и силна морска струја.

„Акцијата за спасување беше спроведена во многу неповолни временски услови,силен дожд, ветер, големи бранови, силна морска струја. Гумениот чамец со имигрантите, вклучително и жени и деца, бил оставен на отворено море а беа евакуирани со два воени брода на крајбрежната стража и Државната полиција од Валона. Се трага по две лица,трговци на луѓе, кои откако ја забележале крајбрежната патрола се дале во бегство со друг помал чамец“, стои во полициското соопштение.

Имигрантите требало да бидат префрлени до италијанскиот брег за што платиле по 2.000 евра по човек.

Во регионалната болница во Валона се хоспитализирани 16 лица, додека девет други, меѓу нив и жени и три деца под 10- годишна возраст се транспортирани во Клиниката за тауматологија во Тирана.



Слични Објави