| |

ЛИТВАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Литванскиот парламент денеска со 108 гласови „за“ и ниту еден против го ратификува Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. На пленарната седницата на Сејмот на Литванија присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Литавнија е осмата земја членка на НАТО која го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, а вчера и Романија.

Слични Објави