ОБВИНЕНИЕ ЗА 70-ГОДИШЕН МАЖ КОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ДЕВОЈЧЕ НА 10 ГОДИНИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за 70 годишен маж кој се обидел полово да нападне 10 годишно девојче.

loading...

Лицето се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото“, информираат од Обвинителството.



loading...

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​​