Над 450 илјади луѓе во С. Македонија живеат под прагот на сиромаштијата

/

Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младите на возраст до 17 години. Расте бројот на македонски граѓани коишто живеат во екстремна сиромаштија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Северна Македонија. Стапката на сиромашни лица од вкупното население е 21.8%, што е зголемување во однос на 2019 година – кога тој процент изнесувал 21.6.

Најголема сиромаштија има во четиричлените семејства со две деца кои се на возраст под 14 години. Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97 илјади лица, сега бројката е порасната на 110 илјади. Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека на сиромашни пензионери е 7 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти. Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младитена возраст до 17 години (30.3%), потоа лицата на возраст од 18 до 64 години (21.1%), додека најмал е процентот на пензионерите (13.4%), односно лица над 65 години коишто живеат во сиромаштија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Петровска за најголемата воена вежба на Криволак: Комплексна вежба на која ги покажуваме сите наши способности и капацитети

Следна статија

Зеленски: Мариупол страда до смрт, ова е мачење,тероризам и омраза

Најново од Вести