| |

ВМРО-ДПМНЕ: ПОЛИТИЧКИОТ ХАОС КОЈ ГО КРЕИРА СДСМ СОЗДАДЕ ЕКОНОМСКИ НЕУСПЕХ, ДРЖАВАТА Е НА ДНОТО

СДСМ насилно и спротивно на волјата на 1 милион и 200 илјади граѓани го турка договорот за промена на името во Собранието.

ДИК и граѓаните кажаа дека договорот од Преспа е правно – политички мртов, само Заев не сфаќа. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против оваа недемократска власт, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и криминалниот картел на власт со уцени, закани и притисоци обезбеди парламентарна поддршка за своето незаконие. Притисокот врз пратениците е одраз на недемократски принципи, кои се основен метод на делување на оваа власт.

Додека СДСМ ги распродава националните интереси и ја силува волјата на народот паралелно ја покажува својата неспособност за управувања со државата, кратејќи од стратешки сектори и урнисувајќи се.

Власта крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата и над 29 милиони за образование. Власта е неспособна да реализира мерки и проекти и затоа крати.

Политичкиот хаос кој го креираа, создаде и економски неуспех. Државата е на дното. Раст нема, градежништвото паѓа, а капиталните инвестиции бележат историска најниска реализација.

Оваа недемократска власт мора да си замине. Македонија мора да тргне напред, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави