|

Тошковски: Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, срамота е што не може да се употреби во Македонија

Очигледно е дека МВР презема максимум во рамки на можностите и би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, 61 пратеник да си ја заработат платата и да стиснат на тоа пусто копче, да го сменат законот за патните исправи, како што го сменија законот за безбедност во сообраќајот, кажа денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а при тоа во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натака слободно да се движат со патни исправи со старо име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле сите. Факт е македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по оној предлог закон, како што го поминаа законот за возачките да го поминат и законот за пасошите“, рече министерот.

Тој објасни дека се пристигнати 20 илјади обрасци и ги замоли новинарите да постават соодветно прашање до сите надлежни во рамки на Министерството и посебните органи во рамки на Министерството, зошто е ваква ситуацијата со обрасците.

„Некаде во осми месеци имало договор согласно кој договор заклучно со 18.02 во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и при тоа заклучно со 18.02 согласно тој договор е преземена обврска некаде од прилика во декември за 22 илјади обрасци“, објасни министерот и упати прашање до јавноста зошто е сторено така и додаде дека ќе се истражи.



Слични Објави