|

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ЌЕ ПОБАРА ВОВЕДУВАЊЕ КАРАНТИН ВО ГРАДОТ

Ќе побарам до Централниот кризен штаб за Прилеп, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

Јовановски ги соопшти последните официјални податоци според кои во последните 9 дена има 26 починати пациенти во Прилеп.

„По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите“, вели Јованоски.



Слични Објави