|

Достојни наследници на Хитлер- во Русија конфискувани Платон, Оскар Вајлд и Достоевски

Неколку московски издавачки куќи потврдија за „Комерсант“ дека им се запленети над 250 книги во врска со законот за забрана на ЛГБТ пропагандата во Русија, јавува Фактор.бг.

Институциите имаат список на книги кои се забранети за продажба и дистрибуција и истиот бил објавен пред еден ден од новинарот Александар Пљушчев.

Меѓу забранетите книги се „Сликата на Доријан Греј“ на Оскар Вајлд, „Норвешка шума“ на Харуки Мураками, „Неточка Незванова“ на Фјодор Достоевски, „Тоа“, „Сон“ и „Четири годишни времиња“ на Стивен Кинг.

Други забранети автори се Платон, Џовани Бокачо, Марсел Пруст, Стефан Цвајг, Вилијам Бароуз, Франсоаз Саган, Маргерит Јусенар, Дени Дидро, Хулио Кортазар, Пауло Коељо, Патриција Хајсмит, Џејмс Болдвин, Стивен Фрај, Викторија Токарева и речиси уште 200 автори.

Изданието потсетува дека Владимир Путин на 5 декември 2022 година го потпишал Законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и промена на полот“ во медиумите, интернетот, рекламите, книгите и филмовите.

Во ноември 2023 година, Врховниот суд го прогласи ЛГБТ движењето за екстремно и ги забрани неговите активности во Русија.

Слични Објави