| |

ШВЕДСКИОТ МОДЕЛ НА ПАТ ДА ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ

Дански епидемиолози тврдат дека Швеѓаните се на пат да ја победат заразата со коронавирус, благодарение на создавањето на т.н. имунитет на стадо.

Цената беше големиот број заразени и смртни случаи. Епидемиолог Ким Снепен изјави дека Шведска е на работ да ја запре епидемијата, затоа што постигнала доволно ниво на имунитет.

„Постојат индиции дека Швеѓаните се здобиле со ниво на имунитет на болеста, што заедно со епидемиолошките мерки што се применуваат таму, се доволни за да се спречи нејзиното ширење“, изјавил професорот од Институтот „Нилс Бор“ во Копенхаген за весникот „Политикен“.

Во Шведска од почетокот на епидемијата до сега починаа околу 5.900 луѓе, а во Данска само 635. Шведска има 23 нови случаи на 1 милион популација, што е импресивен резултат во споредба со Данска, каде има 61 нов случај на 1 милион луѓе популација.

Слични Објави