ЛЕКАР ОД БУГАРИЈА: „НЕ МОЖЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ШТО ЌЕ КИВНЕ ДА ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА“

„Не треба училиштата да бидат затворени“, изјави д-р Николај Брнзалов, заменик-претседател на Бугарската лекарска комора во утринската програма на БТВ.

„Епидемијата во училиштата ќе се развие така како што се разви во општеството. Да не забораваме дека кај децата нема симптоми. Наставниците и професорите треба да внимаваат, а дома сите ние треба да ги учиме на хигиена нашите деца и секако да не ги праќаме болни на училиште“, вели д-р Брнзалов.

Приказните за втор, трет бран… ајде да се смириме, Бугарија се справува добро. Училиштата ќе се научат. Не може секое дете што ќе кивне да биде праќано во изолација. Тоа дете кивало и пред 2020 г.“, подвлекува д-р Брнзалов, втор човек во Бугарската лекарска комора.