СНОУДЕН ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕ ПРИХОДИТЕ ОД СВОЈАТА КНИГА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА
Поранешниот припадник на Агенција за национална безбедност на САД Едвард Сноуден се согласи да ги предаде приходите од продажбата на неговата книга на американската влада.
Сноуден кој е баран од САД за откривање на најдоверливите податоци на американските тајни служби се согласи на владата да и предаде дури пет милиони долари.
Тој во 2013 година го шокираше светот кога на човештвото му откри дека американската Влада тајно собира податоци од секој телефонски повик, порака и е-пошта.
Сноуден во последните неколку години се наоѓа во Русија.
Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележено“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност. Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем на масовно следење.