| |

МОЈДДВ #МОЈАНАГРАДА: УШТЕ 15 ГРАЃАНИ ДОБИЈА ПО 100.000 ДЕНАРИ

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари.

Христина Колева, Ратко Соколовски, Пеце Трајковски, Александар Стојановски, Елена Илиевска Честојнов, Воислав Завков, Елена Пенева, Дарко Дучевски, Силвана Тасевска, Ивана Илиоска Николовска, Лујза Јаневска, Јулијана Даскалов, Дејан Смилевски, Бурамедин Суловски и Ефимија Маркоска се граѓаните кои беа извлечени во второто коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер, соопштија од Министерството за финансии.

Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино.

Износот на наплатен ДДВ од скенираните сметки во јануари изнесува рекордни 730 милиони денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, изјави дека „во јануари се скенирaни убедливо најмногу фискални сметки досега преку апликацијата МојДДВ, или над 15 милиони сметки, а наплатениот ДДВ од скенираните сметки во јануари е за над 70% повисок во однос на просекот од претходните пет месеци. Исто така, има и 50 илјади нови корисници на апликацијата, пријавени во текот на декември и јануари“.

„Граѓаните што скенираат сметки имаат трикратна корист, поточно добиваат поврат, добиваат награди и помагаат во борбата против сивата економија, со што во иднина ќе добијат подобри јавни услуги: понови апарати и услови во болниците, подобри услови за школување во училиштата, подобра инфраструктура…“, вели Ангеловска.

Слични Објави