| |

НА „РЕКЕТ“ ПРИКАЖАНИ СНИМКИ ОД КАМЕРИТЕ НА КАМЧЕВ СО БОКИ 13 И КИЧЕЕЦ

На судењето за „Рекет“ денеска беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал.

На една снимка се гледа како влегува Зоран Милевски – Кичеец, а по кратко време излегува од куќата на Камчев. Истиот ден подоцна влегуваат Бојан Јовановски – Боки 13 и Кичеец. Од истата камера околу еден час подоцна се гледа Кичеец како излегува со торба „Луј Витон“ и Боки со друга торба, а Камчев ги испраќа.

Станува звор за снимки што беа објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми, само што истиот настан се прикажува од повеќе агли односно од други камери.

По паузата судењето продолжува со изнесување материјални докази од страна на обвинителството.

Слични Објави