|

Тело на жена пронајдено во устата на алигатор во Флорида

Четириметарски алигатор е убиен на Флорида, откако биле пронајдени човечки останки во неговите вилици.

Алигаторот е забележан во каналот Ларго, а се испостави дека тој во вилиците го држи долниот дел од телото на жената, според очевидци.

Полицијата објави дека животното е убиено и потврди дека во каналот се пронајдени останките на 41-годишната Сабрина Пекам.

Околностите за смртта на жената ќе ги утврдува истрагата.

Локалните жители велат дека виделе алигатори, но не толку големи како овој.

Џамаркус Булард рече дека бил на пат на интервју за работа кога видел алигатор со кукла во вилиците.

„Забележав дека има нешто во устата, како долниот дел од торзо, па повторно погледнав и истрчав директно во пожарникарската служба“, изјави тој за локалната телевизија „Фокс 13“.

„Првпат во животот видов алигатор во живо и не се исплашив, но кога забележав дека има нешто во вилиците, помислив „дали е тоа кукла? Беше бледо и бело“.

Семејството на жртвата рече дека таа живеела во камп за бездомници во близина на шумска област.

Властите соопштија дека алигаторот бил убиен и отстранет од каналот пред полицискиот тим за нуркање да ги пронајде останките на жената.

Причината за смртта допрва треба да се утврди.

Локалните жители велат дека претходно виделе мали алигатори во областа, но не со големина на убиениот.

„Моите деца минуваат таму секој ден, навистина е страшно. Сум видел алигатори кои беа метар или два, но не толку големи“, изјавила за медиумите локалната жителка Џенифер Дин.



Слични Објави