| |

Во Бугарија беа одбележани 149 години од Шипченската епопеја

Со официјална церемонија и положување венци и цвеќе пред Споменикот на слободата на врвот Шипка беа одбележани 149 години од Шипченската епопеја, јавува БТА.

На чествувањето присуствуваа бугарската претседателка Илијана Јотова, министерот за одбрана Димитар Стојанов и претставници на државните и локалните институции. Старозагорскиот митрополит Кипријан отслужи молитва во спомен на загинатите за слободата на татковината.

„Најважното во овој завет е единството на сите Бугари, бидејќи слободата може да се зачува само кога сите сме заедно“, изјави Јотова. Таа нагласи дека Шипка денес е „долг на живите“.

Одбележувањето заврши со историска реконструкција со над 300 учесници од 40 клуба на Националното друштво „Традиција“.

Слични Објави