|

Димитар Талев: За бугарските малцинства

…Имаме истакнато безброј пати дека за нас, Македонците, кои се бориме за една независна македонска држава, Бугарите во денешна Југославија, освен оние во Западните покраини и Банат, фактички не се никакво малцинство. Македонија за нас е една распарчена географска целина, чие население повеќе од половината е бугарско. Во поробениот од Србија дел на нашата земја денес живеат (освен прогонетите) над 600 илјади Бугари, кои си остануваат жители на Македонија, каде што не се малцинство, туку огромно мнозинство од нејзиното население, во нејзините целокупни граници. Во одредени случаи, сепак, не треба да го занемариме фактот дека за официјална Европа бугарското население во Македонија под српска власт е бугарско малцинство во Југославија. За голема жал, за такво го смета и официјална Бугарија. Нека и сега за момент се помириме со таа околност…

в-к “Македония”, год. VI, бр. 1728, 27 јули 1932 г.

Извор: Библиотека Струмски

Слични Објави