| |

САД одобрија продажба на опрема и поддршка за хаубици M777 за Украина

Државниот департмент на САД одобри можна продажба на опрема, сервис и долгорочна поддршка за хаубици M777 на украинската влада, во вредност од 104 милиони долари, јавува Фактор.бг. Главен изведувач ќе биде компанијата BAE Systems. Втор договор, вреден 99,5 милиони долари, опфаќа транспорт и логистика, за кој изведувач ќе биде избран меѓу одобрени американски добавувачи.

На 5 август, Данска, Норвешка и Шведска потврдија дека заеднички ќе финансираат пакет со оружје и муниција за Украина од 500 милиони долари, кој ќе биде испорачан од САД, во рамки на новата НАТО иницијатива PURL (приоритетна листа за оружје и муниција за Украина).

Иницијативата PURL претставува нов механизам што овозможува набавка на оружје за Украина според нејзините најитни потреби, финансирана преку доброволни придонеси од земјите членки на НАТО.

Слични Објави