Производството на првите „Страјкер“ борбени оклопни возила за бугарската армија е започнато
Производството на првите борбени оклопни возила „Страјкер“ за бугарските Копнени сили веќе е започнато и се одвива според предвидената динамика. Ова го соопшти началникот на Генералштабот на Копнените сили, бригаден генерал Стојан Шопов, во интервју за весникот „Бугарска армија“, пренесува Министерството за одбрана на Бугарија.
Според генерал Шопов, транспортот на возилата до фабриката ТЕРЕМ, каде ќе се врши финалната монтажа, се очекува до крајот на годината. „По нивната конечна асемблажа во ТЕРЕМ и по спроведувањето на серија тестирања, првите системи и техника ќе можат да бидат примени во употреба и воведени во 61-та механизирана бригада“, изјави тој.
Дополнително, бригадниот генерал истакна дека Копнените сили бележат зголемен интерес кај кандидатите за војнички позиции. На конкурсот во јуни, бројот на пријавени бил речиси двојно поголем од бројот на понудени места.
„Во одредени гарнизони како Јамбол и Хасково, имавме и по 3-4 кандидати за едно место“, додаде Шопов.
